Футурама

Гигантска планета скита во нашето галактичко опкружување

Чуден објект скита во нашето галактичко опкружување, со екстремно силно магнетно поле, кој не е поврзан со ниеден друг објект, како на пример некоја ѕвезда. Тој бил детектиран со VLA (Very Large Array) радио телескоп и се наоѓа на само 20 светлосни години од нас.



Тој е 12.7 пати помасивен од Јупитер и на горната граница на планетите – на работ на територијата на кафените џуџиња, односно „пропаднатите ѕвезди“ – објекти кои се премалечки за да создаваат водородна фузија (доминантниот процес кој генерира енергија во ѕвездите), но доволно големи за деутериумска фузија – процес витален за ново формираните ѕвезди кој ослободува пониски температури.

Се сметало и дека ваквите објекти не испуштаат било какви радио бранови, но во 2001-ва било откриено дека изобилуваат со магнетна активност и креираат силни аурори.

Тука на Земјата, аурорите се генерираат од соларните ветрови кога тие имаат интеракција со наелектризираните честички во нашата јоносфера. Овие честички патуваат низ магнетните струи кон половите, каде се манифестираат во вид на раздвижени светла на небото, продуцирајќи силни емисии на радио сигнали.



Новиот објект е наречен SIMP J01365663+0933473, и е откриен во група многу млади ѕвезди, а е стар околу 200 милиони години – „бебе“ во космички размери. Иако има маса 12.7 пати поголема од онаа на Јупитер, тој е многу малку поголем од него – со радиум 1.22 пати поголем од оној на гасовитиот џин.

Во споредба со Сонцето чија површинска температура достига до 5500 °C , тој е релативно студен со температури до 825 °C. Магнетното поле, пак, му е 200 пати помасивно од она на Јупитер.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2018 12:47:12