Омнибус

Најубави места за кампување низ светот

Кампувањето бара повеќе труд отколку чекирање во гламурозен хотел, но за оние кои се подготвени за тој чекор, поминувањето неколку дена во природа без многу од секојдневните луксузи може да претставува многу позитивно искуство.

Планирањето за кампување треба да започне со одбирање на совршена локација за тоа, во зависност од желбите – некоја која нуди одличен поглед, идеални температури, како и можности за дополнителни активности.

Еве неколку такви локации низ светот:

1) Глечерскиот камп Сахале, САД



Ова е еден од најдобрите места за кампување во националниот систем на паркови во САД. Се наоѓа на над 2км. височина во подножјето на глечерот Сахале, помеѓу Северно Каскадните планини. За кампување тука потребна е дозвола, а кампот не е премногу прикладен за почетници.

2) Национален парк Корковадо, Костарика

Ова е неверојатно место за истражување, со 13 големи екосистеми, прекрасни водопади и разновиден див свет кој вклучува јагуари, мајмуни и тапири.

3) Кампување на дрвја во Waldseilgarten, Германија



Доколку барате уникатно искуство, ова место лоцирано на Германските Алпи е идеално бидејќи нуди кампување на дрвја, со шатори закачени на гранки.

4) Симиенските планини, Етиопија

Овие планини се светско културно наследство на UNESCO и најпозната дестинација за планинарење во Етиопија. Пејзажите се апсолутно прекрасни, полни со егзотични животни како мајмуни, етиописки волци и ретки птици.

5) Еко-кампување во Патагонија, Чиле



Ако спиењето во шатор на земја не ви се допаѓа, но сте заинтригирани да го доживеете искуството од кампување, треба да пробате „глампување“. Едно од најдобрите места за тоа е EcoCamp Patagonia во Чиле, кој користи геодетски куполи кои се комфорни за живеење, кои го нудат искуството на спиење под отворено небо.

6) Островот Мијаџима, Јапонија

Мијаџима е малечок остров во Јапонија до кој се стига со брод од Хирошима, каде што можат да се изнајмат кабини или шатори за кампување. Нуди прекрасна глетка на шумата и плажите, како и „дружење„ со припитомените елени кои се шетаат на него.

7) Планината Кук, Нов Зеланд



Ова е највисоката планина на Нов Зеланд, а околината околу неа нуди некои од најдобрите локации за кампување во земјата.

8) Национален парк Хоса, Финска

Хоса нуди многу прекрасни глетки и забавни активности – од планинарење до возење велосипед, кану или риболов. Може да ги истражувате и цртежите на карпи во Julma-Olkky иVarikallio, кои се стари илјадници години.

9) Национален парк Џаспер, Канада



Ова е најголемиот национален парк во Канада и прекрасна дестинација за кампување, каде има по нешто за секого – без разлика дали сакате авантуристичко кампување или нешто полуксузно како oTENTiks – половина шатор, половина комфорна кабина.

Од активностите, може да се плови по езерото Maligne, да се истражува истоимениот кањон, да гледаат глечери, да се релаксира во топлите извори и др.

10) Отро Мундо, Сиера де Сегура, Шпанија

Сиера де Сегура се состои од Сиера де Казорла и Ла Вила природниот парк и изобилува со реки и разновиден див свет. Постојат рути за планински велосипеди, патеки за планинарење, селца со продавници и пекарници, како и водопад во кој може да се плива. На располагање се и гламурозни објекти слични на игло во кои ќе се чувствувате како да кампувате, но многу покомфорно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2018 09:48:33