Бети му возврати на Варошлија: Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака?

Сергеј Варошлија и Бети Цонева влегоа во сочна расправија која започна откако Варошлија неколку пати во својата ТВ емисија ја посочи Бети како јавна личност која нема соодветен стил на облекување.

-Бети драга сфати го ова најдобронамерно...Кој те слика? Кој ти ги става тие пешкири на глава? Кој те облекува во вакви бои? Кој ти го прави ова? Зошто си го дозволуваш? Сериозно ти го кажувам ова и сфати ме најдобронамерно немам никаква зла умисла нити ништо лично спрема тебе. Сè на тебе е погрешно, рече Сергеј додека го коментираше изгледот на Цонева инаку сопственичка на популарното студио за убавина ,,Сикрет”.

Таа не му остана должна по коментарите упатени кон нејзиниот изглед, па го искористи својот FB профил за јавно да му се обрати.



-Се прашувам упорно дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да го одбрани, па малку беше се фати да ме коментира мене, која споредна работа во животот ми е FB и сликање од причина што сум презафатена сo бизнисот кој успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари…Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава…Со среќа, ќе ти треба, напиша Бети.

Како ќе заврши оваа расправија, останува допрва да видиме.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.08.2018 12:48:49