Честа физичка активност клуч за успешно стареење?

Ново австралиско истражување открило дека честата физичка активност како што старееме може да го редуцира ризикот од развивање на разни хронични заболувања и да помогне во тоа да старееме здраво.



Тимот истражувачи од универзитетот во Сиднеј интервјуирале повеќе од 1584 возрасни личности над 50 години старост и ги следеле во 10 годишен период за да ја истражат врската помеѓу физичката активност и успешното стареење.

Партиципантите биле прашувани во врска со нивоата на нивната средна или интензивна физичка активност и пешачењето, што било искористено да се одреди нивниот МЕТ (Метаболички еквивалент на задача) во период од една недела. Инаку МЕТ ја мери потрошувачката на енергија на индивидуата. Активностите со среден интензитет „согоруваат“ околу 3-6 МЕТ-а, додека пак интензивните активности над 6.

Успешното стареење било дефинирано како отсуство на симптоми на депресија, когнитивни нарушувања, респираторни потешкотии и состојби како рак или коронарна артериска болест.

Тимот открил дека 249 (15.7%) од партиципантите по 10 години успешно остареле и дека постарите индивидуи кои имале највисоки нивоа на тотална физичка активност (повеќе од 5000 МЕТ минути секоја недела), имале двојно поголеми шанси да избегнат хронични болести како мозочен удар, срцеви заболувања, ангина, рак и дијабетес, во споредба со оние чие ниво на физичка активност било под 1000 МЕТ минути неделно.

Моментално, Светската здравствена организација препорачува најмалку 600 МЕТ минути физичка активност неделно, што е еквивалентно на 150 минути забрзано пешачење или 75 минути трчање.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.08.2018 11:22:34