Омнибус

Вагина пиво - сите машки фантазии во едно шише

Една компанија во Полска реши да промовира на пазарот посебен тип на пиво – вагина пиво. Според производителот „The Order of Yoni“ пивото е направено од „вагинална млечна киселина земена од жешки модели“.



-Замислете си ја жената на вашите соништа, вашиот предмет на желба. Нејзиниот шарм, нејзината сензуалност, нејзината страст. Сега можете да ја вкусите, да почувствувате како мириса, да го слушнете нејзиниот глас. Замислете дека ви дава страсна масажа и нежно ви шепоти на уво сè што ќе посакате. Ослободете ги своите фантазии и замислите дека сето тоа може да биде споено во едно шише пиво, пишува на интернет страната на пиварата, која го произведува пивото.

Тајната на пивото е во користењето на напредни микробиолошки техники со кои се изолираат, испитуваат и подготвуваат бактерии од вагината на моделите.

Иако многумина се загрижени околу хигиенските импликации од пивото, производителот ги убедува консументите дека девојките од кои што се земаат бактериите се целосно здрави и дека целиот процес на производство ги елиминира сите несакани елементи.

Пивото доаѓа во две верзии и тоа Bottled Lust и Bottled Passion и двете со 8 отсто алкохол.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.08.2018 10:52:56