Холивуд му сврти грб на Чарли Шин: Немам пари за алиментација!

Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, па веќе, се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги - Дениз Ричардс и Брук Мјулер.



Шин (52), кој има две ќерки со Ричардс и два сина близнаци со Мјулер, тврди дека не може да најде стабилна работа, затоа што во повеќе погледи е „ставен на црната листа“ од страна на забавната индустрија.

Освен четирите малолетни деца, Шин има уште една ќерка со неговата девојка од средно, Пола Спирт, со која бил пред повеќе од 30 години.

Во минатото, тој имаше проблеми со дрога, алкохол и проститутки, а пред неколку години лекарите открија и дека е ХИВ позитивен. Во февруари годинава стави на продажба неколку од неговите луксузни живеалишта.

Извор:  МИА
Објавена на 03.08.2018 09:48:27