Млечни производи кои помагаат при слабеење

Иако многумина мислат дека треба да се избегнуваат, апсолутно може да уживате во некои сирења и кашкавали како дел од секојдневната исхрана и понатаму да губите тежина.

1) Бри



Ова сирење е богато со витамините Б6 и Б12 и помага за зголемување на енергијата, а бидејќи има богат вкус и е кремасто, малечка количина ќе ве засити доволно за да не се прејадете.

2) Козјо сирење



Козјото сирење има помалку маснотии и калории на грам (во однос, на пример, на мешаното или кравјо сирење), како и помалку лактоза и А1 казеин – кои често знаат да им сметаат на одредени луѓе чувствителни на лактоза. Козјото сирење исто така има повеќе масни киселини отколку кравјото и помага против воспаленија. Некои вакви сирења имаат и пробиотици, во зависност од тоа како се процесирани.

3) Пармезан



Нутриционистите го препорачуваат пармезанот бидејќи има многу малку калории – 20 калории и 1.5 грама маснотии во една малечка лажичка, а богат е и со витамин А и калциум.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.08.2018 16:55:14