Футурама

Начинот на кој што ги движиме очите открива како се чувствуваме

Скорешна студија сугерира дека начинот на кој што ги движиме очите може да открие многу детали во врска со тоа како се чувствуваме – до степен на тоа да систем со вештачка интелигенција (AI) може да предвиди нечиј тип на личност само со следење на движењата на неговите очи.



За да откријат дали навистина движењата на очите можат да сигнализира работи поврзани со тоа како размислуваме и што чувствуваме, тим истражувачи регрутирале 50 доброволци кои пополниле анкети кои би индицирале што секој од нив чувствува во врска со таканаречените 5 големи карактеристики на личноста: отвореност, совесност, невротичност, усогласеност и екстраверзија.

Секој од партиципантите носел и уред за следење на движењата на очите, кој истите ги снимал додека тие биле испраќани во продавница да купат нешто, а го носеле околу 10-на минути.



Кога тимот и нивниот AI систем со машинско учење ги анализирал податоците снимени со софтверот за следење на движењето на очите, било откриено дека можат да се изолираат модели на движења и истите да се поврзат со основни психолошки профили.

Вреди да се напомене дека иако AI системот успеал да ги предвиди видовите на личности, тоа не го правел премногу прецизно.

Со понатамошно рафинирање, ваквата технологија драматично би можела да ја подобри интеракцијата со машините, кои би можеле да станат повеќе социјално свесни и да се адаптираат и на невербална комуникација, однесувајќи се поприродно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.08.2018 11:38:19