Модно парче што едни го мразат други го обожаваат

Од време на време, на модната сцена излегува по некое модно парче што на извесен начин треба да шокира и да привлече внимание. Некои од нив дури и успеваат да станат тренд, додека преостанатите се засекогаш заборавени.



Брендот Fashion Nova, кој соработува со познати ликови како Cardi B и JWoww од Jersey Shore, за кратко стана популарен по своите храбри дизајни.

Сега се обидува на голема врата да ги донесе своите Sunshine See Through Coverup Chaps.



Тие доаѓаат во две варијанти, праска и црна и чинат околу 25 долари. Истите се креирани од брендот како дел од линијата за костими за капење, сепак тешко може да се вметнат во таа категорија.

Додека едни сметаат дека се мошне кул и must have парче за оваа летна сезона, други воопшто не сакаат ниту да ги погледнат.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.07.2018 13:24:30