Омнибус

Прекрасни патишта низ Европа низ кои вреди барем еднаш да се вози

Од планини до полиња од лава, Европа изобилува со пејсажи кои се прекрасни да се вози низ нив.

1) Romantische Strasse, Германија



Во превод „Романтична улица“, овој пат нуди глетки како прекрасни замоци и средновековни селца кои ќе ве транспортираат во некое друго време. Кога патот завршува во Фусен, ќе се најдете во подножјето на Алпите.

2) The Verdon Gorge Circuit, Франција



Ако постои една причина да го надминете стравот од височини, тоа е овој пат. Иако некои делови од него гледаат во провалија од 610 метри, глетката вреди да се види.

3) Route One, Исланд



Не е тајна дека Исланд е една од најпопуларните туристички дестинации изминативе години. Од прекрасни глечери до сини заливи, тука има многу работи за гледање. За среќа, патот Route One (Рута Еден) е перфектен начин сето тоа да се доживее, бидејќи, меѓу останатото, поминува и низ полиња од лава, топли извори и сл.

4) Transfagarasan, Романија



Романскиот лидер од комунистичката ера, Николае Чаушеску, го креирал овој пат како рута за бегање во случај Советскиот Сојуз да ја нападне Романија преку Јужните Карпати. Иако никогаш не бил искористен за неговата оригинална намена, овој пат нуди прекрасни глетки.

5) Крајбрежниот пат Amalfi, Италија



Иако скоро секој пат кој води низ Италија го одзема здивот, крајбрежниот пат Амалфи е еден од најпрекрасните. Води од Соренто до Салернои нуди погледи на Средоземното Море, мноштво шармантни мали гратчиња и многу места каде може да се застане и јаде.

6) Патот на Атланскиот Океан, Норвешка



Иако овој пат е долг само 8 километри, вреди да се доживее. Полн е со угорнини и спустови, како и 8 тесни мостови, па возењето по него делува како да се возите на ролеркостер.

7) Јадранска магистрала, Хрватска



Покривајќи ја целата должина на хрватското крајбрежје, Јадранската магистрала не е за возачите почетници поради острите кривини и многуте спустови. Дефинитивно бара побавно возење, поради безбедноста, но и поради целосното уживање во глетките.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.07.2018 13:58:53