Футурама

Стоматолошка ординација на иднината

Истражувачи од центарот за стоматологија при универзитетот Колумбија трансформирале простор од 1400m² во визија за високо-технолошка стоматолошка клиника на иднината, дизајнирана да го намали времето на чекање на пациентите како и нивното ниво на стрес, како и да го максимизира комфорот.



Во оваа клиника, пациентите прво мора да се запишат на онлајн портал за да добијат алка опремена со RFID (идентификација со радио-фреквенција) чип кој во секој момент на персоналот на клиниката им дава информации каде се наоѓа пациентот, која процедура се врши врз него, како и било какви други дополнителни – повеќе нема „картони“ кои ги забавуваат процедурите.

Клиниката има RFID тракери на забарските столчиња кои забележуваат кога пациентите и докторите ја започнуваат процедурата, а можат да се поврзат и со алките на пациентите од кои може да дознаат во која позиција тој бил најкомотен минатите посети, автоматски нагодувајќи го столчето според тоа.  RFID таговите на 6-те стоматолошки инструменти, пак, ги следат сите детали поврзани со нивната употреба – од тоа кога се користат, до колку време поминало откога биле исчистени или наострени.

Пар камери инсталирани на секое столче ја снимаат секоја процедура, давајќи му на стоматологот можност да си ја анализира својата работа, како и онаа на колегите. Во меѓувреме, 3D машина за принтање драматично го намалува времето потребно да се изработи, на пример, навлака, од сегашните стандардни 2 недели до само 15-тина минути.

Највозбудливо парче технологија во клиниката е онаа за следење на нивото на стрес на пациентите. Во следните 6 месеци, клиниката планира со овој систем да ги опреми сите 48 дигитални столчиња, за да може за време на процедурите да се мерат отчукувањата на срцето и нивото на кислород на пациентите.

Дополнително, клиниката би можела да додаде и технологија за препознавање лица на камерите за да ја подобри способноста на стоматолозите да знаат кога пациентот искусува стрес или болка – со што би знаеле кога да направат пауза во случај пациентот тоа самиот да не го побара.

Сега засега оваа клиника е единствен пример за тоа како ваквите клиники можат да изгледаат во иднината, а уште од сега за вградените технологии постои големо интересирање од останатите клиники.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.07.2018 10:07:38