Футурама

Откриено подземно езеро со течна вода на Марс

И официјално – на Марс има вода. Истражувачки тим воден од Роберто Оросеи, професор од универзитетот во Болоња, детектирал езеро од течна вода долго 20км. и широко 1.5км. под замрзната површина на Марс во регионот познат како Planum Australe, за која се смета дека и покрај ниските температури не замрзнала поради растворените соли од минералите во нејзината околина.



Во центарот на ова откритие се наоѓа MARSIS , инструмент кој се наоѓа на Mars Express леталото на Европската вселенска агенција.

Овој инструмент е позициониран стотици километри над површината на Марс и испраќа електромагнетни радарски бранови кон центарот на планетата. Кога тие бранови транзиционираат од еден материјал на друг (на пр. од мраз на карпа), се рефлектираат назад до инструментот, а потоа научниците можат да ти анализираат за да одредат каков сè материјал постои под површината на Марс.



Помеѓу мај 2012-та и декември 2015-та, Оросеи и неговиот тим го фокусирале MARSIS на Planum Australe регионот, а откога ги анализирале податоците, забележале дека една област има радарски профил како оној на езерата со течна вода кои знаеме дека постојат под замрзнатите површини тука на Земјата.

Ова не е прво откривање на вода на Марс, веќе знаеме дека планетата има мраз како и мали количини водена пареа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.07.2018 12:49:03