Како исхраната со малку јаглехидрати влијае на мажите и жените

Нова студија ја објаснува долго време шпекулираната поделба во врска со тоа како исхраната со малку јаглехидрати влијае различно на мажите и жените.

Многумина луѓе периодов ја следат кето диетата, која вклучува многу мала количина на јаглехидрати.



Новата студија открила дека мажите слабеат повеќе од жените кога го ограничуваат внесот на јаглехидрати, но и дека жените имаат подобрена артериска флексибилност, што помага во редуцирање на ризикот од срцеви заболувања.

Истражувачите од нутриционистичиот центар на 20 средновечни доброволци им дале режим на исхрана со малку јаглехидрати во траење од 2 недели, како и инструкции за тоа какви оброци да јадат дополнителни 2 недели. Сите тие биле во пре-дијабетска состојба, што значи нивото на шеќер им било повисоко од нормалното, но не доволно високо за да се сметаат за дијабетичари.



Во тек на едномесечната студија, мажите изгубиле 6.3% од нивната телесна тежина, додека жените само 4.4%. Жените, пак, покажале редуцирани брзини на протокот на крв од еден метар во секунда, додека кај мажите немало никакви промени на тоа поле.



Ова откритие не е мало, бидејќи постои мит дека мажите се повеќе подложни на срцев удар од жените, а всушност срцевите заболувања се најголемиот убиец на жените во САД, одземајќи во просек 500 000 животи годишно. Додека срцевите заболувања се намалени кај мажите во последните 25 години, прогресот кај жените е многу побавен.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.07.2018 10:55:17