Омнибус

ФОТО: Ангелот од Нигерија маѓепсува со својата појава

Импресивни очи, совршено мазна кожа и бујна коса. Еден поглед на 5- годишната Јаре од Нигерија и веќе сте маѓепсани од нејзината појава.



Девојчето кое и позираше на фотографката Mofe Bamuyiwa за кратко доби голема популарност, како и епитет на најубаво девојче на светот.

-Ох, да таа е човек! Во исто време е и ангел. Сакав да го портретирам преодот од нејзиното детство и зрелоста, така што и двете ќе останат безвременски, напиша Mofe под еден од портретите.



За сега малку се знае за малата Јаре. Mofe откри дека девојчето не е професионален модел, но и дека ја натерала нејзината мајка да направи Instagram профил од неа и нејзините сестри Јоми и Јоба. Девојките досега имаат околу 5000 следбеници, но онаа која привлекува најголемо внимание несомнено е малата Јаре.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 26.07.2018 13:35:53