Футурама

Откриено огромно количество дијаманти под површината на Земјата

Користејќи звучни бранови, научниците откриле залихи на дијаманти дистрибуирани длабоко под површината на Земјата, чија количина изнесува над квадрилион тони.

Ова покажува дека дијамантите и не се толку егзотичен минерал, туку геолошки гледано, релативно вообичаен.



Дијамантите се наоѓаат во подземни карпести формации наречени кратони, кои се со форма на планини и се наоѓаат во центарот на планетарните тектонски плочи кои се протегаат до 322 километри во Земјата.

Истражувачите проценуваат дека долните секции на овие кратони (наречени корења) се составени од 1-2% дијаманти. Звучните бранови патуваат со различни брзини во зависност од композицијата, температурата и густината на карпите и минералите низ кои поминуваат, давајќи им на научниците метода да проценат каков вид на карпи се наоѓаат под површината на Земјата, споредувајќи ги брзините на овие звучни бранови.

Тие откриле дека брановите забрзуваат кога поминуваат низ гратонските корења – многу побрзо отколку што тоа порано се сметало.

Откога биле направени серија лабораториски експерименти каде звучни бранови биле праќани низ различни карпи, било откриено дека само карпите кои содржеле 1-2% дијаманти би можеле да ги продуцираат брзините забележани кај кратонските корења.

Овие дијаманти е невозможно да се ископаат – тие се наоѓаат од 145 до 241km. под површината на Земјата, далеку подлабоко отколку што било која дупчалка може да стигне.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.07.2018 10:36:04