Роналдо остави бакшиш на грчки хотел од „скромни“ 17 850 фунти

Среќен е оној што го има Кристијано Роналдо за свој гостин.

Португалецот ги остави вработените од грчкиот луксузен хотел Costa Navarino,  насмеани од 6-ка до 6-ка откако ги почести со бакшиш од 17 850 фунти.



Според Тhe Sun, фудбалерот бил толку импресиониран од услугата што не можел, а да не остави нешто плус.

Кристијано имаше мини одмор во Грција со пријателите и семејството пред и официјално да биде претставен како играч на Јувентус.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.07.2018 14:29:28