Треба да го покажуваш задникот за да добиваш лајкови?

Кортни Кардашијан доби низок удар од своето момче-играчка Јунес Бенџима (25). Изгледа дека двојката има проблеми во врската, а доказ за тоа е неговиот коментар на една од нејзините фотографии.



Како и секоја друга жена од кланот Кардашијан, така и Кортни сака да покаже голотија. Таа постираше фотка од својата сочна позадина, што очигледно го иритираше нејзиното момче, кој го кажа она што речиси сите го мислат кога некој од Кардашијан семејството се промовира себе си на овој начин.

-Треба да го покажуваш тоа (задникот) за да добиваш лајкови?

Коментарот беше избришан после некое време, но остана сосема доволно за да биде забележан од нејзините обожаватели.



-Таа е фрустрирана што тој се вознемирува поради фотографиите. Не планира да престане со нив и смета дека тој едноставно треба да се помири со тоа. Јунес може да биде мошне љубоморен и посесивен на Кортни. Кога постира полуголи фотки, многу се вознемирува. Тој ја сака само за себе и не сака да ја дели со светот, вели интерен извор.

А, кој не би бил љубоморен на негово место?

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.07.2018 13:56:31