Футурама

Нов тест на крв детектира рак на кожа подобро отколку биопсија

За прв пат досега, нов тест на крв е способен за рана детекција на меланом со над 80% точност, што потенцијално може да спаси стотици животи.

Меланомот е најсмртоносната форма на рак на кожата, кој во 2015-та земал скоро 60 000 животи. Доколку се детектира рано, шансите за преживување се 95%, но доколку тоа се случи доцна тие паѓаат на 50%.



Овој крвен тест е дизајниран за превенција на меланомот бидејќи дијагностицирањето само врз основа на биопсиите може да е проблематично, бидејќи 3 од 4 биопсии се негативни за меланом. Тие се исто така прилично инвазивни бидејќи неопходно е отстранување на парче кожа од пациентот со големина од 1х1cm, а покрај тоа се и скапи.

Крвниот тест е наречен MelDX функционира така што детектира антитела кои телото ги создава веднаш штом меланомот почне да се развива. Тимот научници анализирал 1627 различни видови на антитела, кои ги намалиле на комбинација од 10 кои индицираат присуство на меланом во организмот.



Потоа, била земена крв од 104 луѓе со меланом и 105 без (контролна група), и било откриено дека MelDX е способен да го детектира ракот со 81.5% точност. Следниот чекор ќе биде негово клиничко тестирање кое може да трае околу 3 години.

Во меѓувреме, за да се заштитите од меланомот и други кожни канцери, редовно ставајте крема за заштита од сонце, движете се во сенка во најтоплите летни денови и избегнувајте „кварцање“ со UV светла.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.07.2018 10:00:33