Комарците можат да упропастат совршена вечер на отворено, а често пати е скоро невозможно да се ослободиме од нив. Едно од решенијата е стратешки да поставите стапици за комарци, кои ќе ги одвлекуваат од вас.
Сега, компанијата Seoul Viosys објави дека во нивните стапици за комарци ќе почне да ја користи напредната UV LED технологија позната како “Violeds”
Violed технологијата е уникатна и не само што е безопасна за околината, не предизвикува никаква штета ни на човечкото тело бидејќи стапиците не содржат никакви хемиски компоненти, туку функционираат со UV LED светлина која ги привлекува комарците – многу поразлично од стапиците базирани на жива.
Не треба да сте загрижени ни за потенцијален ризик од рак на кожата, бидејќи UV зраците емитирани од стапицата се 2000 пати послаби од сончевите и имаат моќност колку една десетина од флуоресцентното осветлување.
Покрај комарци, стапиците со ваква светлина можат да привлекуваат и овошни муви.
Истражувањата покажале дека Violeds уредите се многу потентни и способни да привлечат комарци во 4 пати поголема бројка споредено со конвенционалните стапици.