Футурама

NASA несакајќи уништила претходни докази за живот на Марс

Леталата Viking на NASA кои на Марс слетале во 1976-та можеби уништиле докази за живот на црвената планета.

Во теоријата објавена во „Журналот за геофизички истражувања: планети“ се вели дека мисијата Viking била во потрага по знаци за живот на Марс и дека леталата имале еден вид на лажица за собирање на примероци на почвата, која потоа ја загревале за да бараат органски материи во неа, кои се испоставило дека ги нема.



Ова било шок за истражувачите и големо изненадување, бидејќи знаеле дека органските материјали биле оставени од кометите и метеоритите и дека би требало да пронајдат барем нешто.

Подоцна, во 2008-ма, леталото Phoenix пронашло соли наречени перхлорати, кои би уништиле било каков органски живот во почвата чии примероци Viking ги загревал декади порано.

Минатиот месец, пак, Curiosity роверот пронашол докази за органски молекули на Марс, кои Viking исто така би требало да ги имал пронајдено, а бидејќи тоа не се случило, тоа значи дека нешто не било во ред со тој експеримент.



Разгледувајќи ги податоците од Viking, истражувачите пронашле докази за возможна реакција помеѓу перхлоратот и хлоробензенот – еден од органските молекули кои ги пронашол Curiosity. Тоа значи дека во мисијата Viking биле откриени градбените блокови на животот уште тогаш, но најверојатно биле контаминирани кога се враќале назад на Земјата.

Истражувачите заклучиле дека хлоринската компонента на хлоробензенот е со потекло од Марс, како и неговиот јаглероден молекул, но не може да се потврди дали инструментите биле контаминирани.

Доколку сето ова се потврди, ќе биде разрешена контроверзноста поврзана со мисијата Viking и причината зошто не биле пронајдени траги од живот на Марс.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.07.2018 09:10:04