Audi Sport Performance Parts R8

Audi R8 добил преобразба инспирирана од мотоспорт, во ултра ретко специјално издание.

Audi Sport Performance Parts R8 е базиран на R8 V10 Plus и има мешавина од аеродинамични и козметички надградби, како и намалување на тежината.



Најзабележли се подобрувањата на аеродинамичноста, од кои сите се финиширани со јаглеродни влакна. На предницата, длабок сплитер се наоѓа помеѓу пошироките отвори за воздух, а на задниот дел има дифузер и огромно фиксирано задно крило. Овие промени значат дека при брзина од 330км/ч., Performance Parts R8 генерира 250kg. потисок – за 100kg. повеќе од регуларниот R8 Plus.

Стандардната суспензија кај новиот модел е заменета со нова, додека на 20-инчните бандажи се наоѓаат Michelin Pilot Cup 2 гуми кој ја редуцираат тежината на возилото за 8kg. Таа е намалена и со титаниумските плочки на кочниците, додека дисковите од јаглеродна керамика се поотпорни од оние на R8 Plus.



Моторот е ист како и кај R8 V10 Plus – 5.2 литарски од 610 коњски сили и 560Nm вртежен момент. Козметички, Performance Parts R8 е на располагање исклучиво во Misano Red боја, волан со трим од алкантара, и кожни седишта од напа кожа.

Од овој модел ќе бидат произведени само 44 примероци, со цена од околу 200 000 евра.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.08.2018 10:54:28