Футурама

Волците од Чернобил ја напуштаат забранетата зона

По хаваријата на нуклеарната централа во Чернобил, се зголемил бројот на некои од животните во таа област како резултат од недостатокот на луѓе, а сега во студија објавена во Европскиот журнал за истражување на дивиот свет се вели дека најмалку еден волк од таа област често ја напушта забранетата зона.



Таа зона е поставена по хаваријата во 1986-та и има пречник од околу 30 километри. Во неа не е дозволено да живеат луѓе, иако туристи можат да ја посетуваат.

Мајкл Берн од универзитетот од Мисури и неговите колеги следеле 14 сиви волци со GPS уреди на нив во секцијата на зоната која е во Белорусија. 13 од нив останале во зоната, а еден помлад мажјак 21 ден се движел на околу 300 километри далечина надвор од зоната.

Ова било прв доказ за волци кои се движат надвор од неа, иако проблем со уредот за следење предизвикал да не се знае дали истиот се вратил.



Забранетата зона сè уште има области со радијација, што го повлекува прашањето за потенцијалното ширење на радијациски предизвикани генетски мутации, меѓутоа во студијата се вели дека нема никаков доказ дека такво нешто се случува, и дека волците „не светеле, и сè уште имале 4 нозе, 2 очи, и еден опаш“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.08.2018 10:50:43