Повеќе од половинa Руси сакаат Путин да остане претседател и по 2024 година

Повеќе од половината Руси сакаат претседателот Владимир Путин да биде шеф на државата и откако ќе му заврши мандатот во 2024 година, се вели во анкета објавени денеска.



Според анкетата, 51 отсто испитаници сакаат Путин повторно да биде претседател додека 27 отсто се со став дека такво сценарио би било „непосакувано“.

Путин својот четврти претседателски мандат го почна оваа година. Уставот би морал да биде изменет за да може тој да остане на власт по 2024 година бидејќи во таа година му завршува неговиот втор последователен мандат.

Путин тогаш ќе има 71 година.

– Нема наследник. Луѓето на тоа гледаат прагматично, вели Лев Гудков, кој бил шеф на тимот што ја правел анкетата во коментар за весникот Ведомости.

Според него, можните политички промени создаваат страв од нестабилност, а Путин би сочувал статус-кво.

Извор:  МИА
Објавена на 19.06.2018 16:19:32