Кампувањето или убавата вечер на отворено со музика во позадина, во друштво со фамилијата или пријателите се забавни активности – сè додека истите не бидат уништени од наезда на комарци.
Компанијата Guarden има решение за тоа кое не само што е убаво за око, туку е и функционално. Се работи за Bandito – гаџет кој го рекламираат како најдобриот растерувач на комарци.
Bandito може да се носи како алка или да се закачи за рачка од ранец, облека или други објекти и е одличен избор за оние кои уживаат во активности на отворено и кои притоа внимаваат и на стилот.
Тој испушта природен нетоксичен мирис направен од масла од цитронела, мента и лимон, кој функционира во тандем со моќен соничен звук кој ги растерува комарците.
Батеријата овозможува сонична функција која трае околу 500 часа пред да треба да се замени, додека мирисот би требало да трае околу 2 недели.
Bandito може да се купи во црна или бела нијанса, по цена од $35.