Футурама

Инките биле подобри хирурзи отколку докторите 400 години подоцна

Научниците кои ги студирале черепите на мртвите Инки дошле до откритие дека пациентите имале двојно поголема стапка на преживување по операција на череп во споредба со оние оперирани за време на Американската граѓанска војна некои 400 години подоцна.

Процедурата која ја студирале е наречена трепанација – дупчење на черепот, а се употребувала како третман за главоболки, цисти на коските, фрактури, конвулзивни нарушувања како епилепсијата, па дури и за „протерување на демони“.

Во гробовите на Инките од Перу биле пронајдени 800 черепи кои покажувале знаци на трепанација, кои датирале до 400 п.н.е, а фасцинантно било што оваа техника кај Инките резултирала со неверојатна стапка на преживување од 80%.

Во тоа време, стапката на морталитет била помеѓу 17 и 25%, а за време на граѓанската војна во САД таа изнесувала помеѓу 46 и 56%.



Иако техниките кои ги користеле Инките не ни се познати, една од причините за поголемата стапка на преживување можеби била хигиената. Докторите за време на граѓанската војна често пати користеле нехигиенски и нестерилизирани алатки, па дури и прсти за отворање на раните и отстранување на згрутчената крв, како и контаминирани гази и ткаенини кои се користеле врз повеќе пациенти. Сето тоа резултирало со скоро 100% од преживеаните кои имале рани од кранијален истрел да добијат инфекција.

За да се открие дали трепанацијата била успешна, потребно било само да се испита коската околу раната и дали таа покажува знаци на заздравување – што значи дека пациентот преживеал.

Како биле анализирани черепите, така било откривано дека со тек на времето техниката на трепанација се подобрувала – дупките станувале сè помалечки, повнимателно направени и попрецизни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.06.2018 09:25:09