Храна богата во витамин А

Витаминот А ги спречува оштетувањата предизвикани од UV зраците и ја одржува кожата здрава, а воедно придонесува и за здрава функција на мозокот и подобрување на имунитетот. Подобро е овој витамин да се внесува преку храната, а не преку суплементи, бидејќи доколку е складиран во големи количини во телото, тој може да биде токсичен.

Во прилог прочитајте која храна може да ја јадете за доволен внес на овој витамин:

1) Моркови



Еден голем морков има 12 028 IU од витамин А, повеќе од двојно од препорачаната доза од 5000 IU дневно. Витаминот А во морковот е во форма на бета каротин, кој се конвертира во телото.

2) Спанаќ

Една шолја спанаќ има 2813 IU витамин А.

3) Диња

Едно големо парче има 3450 IU витамин А, а целата диња е околу 150 калории и содржи 15 000 IU.

4) Сладок компир



Само една шолја сладок компир (или еден цел компир со големина од околу 13cm) има фасцинантни 18 869 IU витамин А – што значи задолжително барем еднаш во неделата слаткиот компир нека биде дел од вашата исхрана.

5) Ф`стаци

Една шолја од овие вкусни грицки има 510 IU витамин А

6) Брокула

Покрај големата количина на витамин А, брокулата е богата и со протеини, витамин Ц и калциум.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.06.2018 10:22:11