Омнибус

Како да ги доживеете земјите во кои патувате од локална перспектива

Кога сте во подолга посета на некоја земја, пожелно е да ги избегнувате вообичаените туристички дестинации доколку целта ви е да ја доживеете од локална перспектива. Еве што се препорачува да сторите:

1) Истражувајте во малечки групи, парови или самите (доколку е безбедно)



Шетањето во поголеми групи привлекува и поголемо внимание, што понекогаш може да резултира и со различна услуга (често пати и поскапа). Како резултат на тоа што веднаш ќе бидете ставени во категоријата на туристи, кои патуваат со групи кои можеби нема долго да се задржат на една локацијата – правејќи ги полесен плен за мамење.

2) Јадете во непознати ресторани/кафеани.

За да го почувствувате вкусот на локалната кујна, избегнувајте ги големите и познати синџири на ресторани, и посетете ги малечките локални кои ќе ви бидат препорачани од локалното население.

3) Спријателете се со локалното население



Најдобриот начин вистински да запознаете некој град или село е да ви го покаже некој кој живее таму и кој ќе може да ви препорача добри и евтини места за јадење, забава, култура и сл.

4) Ако имате време, волонтирајте.

Волонтирањето во земјата која ја посетувате е одличен начин да се вклучите во нивното општество и да создадете конекции со луѓето.

5) Кога резервирате престој, одберете малечки маала

Најдобриот начин да го доживеете локалниот живот е да бидете дел од него. Помалечките реони привлекуваат помал број туристи, па така шансата местото да го доживеете какво што навистина е, а не „нашминкано“ за туристите, е поголема.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.06.2018 12:04:25