Смартфоните се денес најосновната алатка која речиси секој ја поседува, а постојат и уште многу други паметни уреди како часовници и сл. кои функционираат индивидуално но можат и да се поврзат со смартфонот.
SOLOS паметните очила на компанијата Kopin се токму еден таков уред кој се рекламира како најлесните очила за подобрена реалност, наменети за фитнес и спорт ентузијастите, специјално дизајнирани да ги информираат и инспирираат атлетичарите туркајќи ги кон остварување на нивниот врвен потенцијал.
Последниот модел на SOLOS паметните очила вклучува дизајнерски елементи кои ќе го направат искуството при возење велосипед или трчање во уште подобро, со опции како вграден музички плеер, можност за одговарање на телефонски повици, гласовна контрола, групна комуникација, сочива кои можат да се променат и др.
Тие се компатибилни со iOS и Android платформата, како и со паметните часовници со Android Wear 2.0 оперативниот систем. Цената на SOLOS паметните очила ќе биде околу $500.