Футурама

Јапонците создаваат роботи за градење на живеалишта на Месечината

Тим јапонски научници работат на ровер за на Месечината чија задача би била да го изгради првото живеалиште каде би живееле  човечките колонизатори.

Нивната компанија наречена ispace има намера да лансира приватна вселенска мисија кон Месечината каде еден ден роботи би конструирале цела колонија наречена „Месечева Долина“. Првата мисија се планира веќе за 2019, а втората за 2020.

Лунарниот ровер има форма на метална бубачка и е дизајниран во него да се сместат алатки и инструменти, како и да собира вреди ресурси кои потоа би се искористиле за градење на град на Месечината.



Но, ispace не е единствената компанија која има амбиција да користи роботи за конструирање живеалишта на Месечината. PISCES (The Pacific International Space Center for Exploration) исто има направено робот со 4 тркала способен да изгради рампа за слетување за идните мисии за истражување на Месечината, кој бил тестиран на Хаваи.

Напори прави и Европската Вселенска Агенција која има дадено предлог за мисија за тестирање дали почвата од Месечината би можела да се искористи како материјал за 3D принтање на лунарна база во форма на куполи.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.05.2018 12:28:06