Хондурас: Девет лица повредени при уривање на авион

Приватен авион кој сообраќал од САД се урна на крајот од пистата на меѓународниот аеродорм во главниот град на Хондурас Тегусигалпа и притоа се повредени девет лица, соопшти противпожарната служба.

Авионот полетал од Остин во Тексас.
Локалните медиуми информираат дека авионот бил преполовен на средината на трупот.

Противпожарните тимови интервенирале пред да избие пожар.

Извор:  МИА
Објавена на 23.05.2018 09:03:10