Кои типови на омега масни киселини се корисни за нашето тело?

Често пати слушаме за омега-3 масните киселини кои му се потребни на телото за нормално да функционира и општо е познато дека најдобар извор за нив е рибата.

Но, омега-3 не се единствените масни киселини кои треба да ги знаете. Нови истражувања покажуваат дека и омега-6 киселините нудат сериозни здравствени придобивки.

1) Омега-3



Овие масни киселини ги има во скушата, сардините, лененото семе, оревите, чиа семето, семето од коноп и маслото од канола. Го подобруваат кардиоваскуларното здравје, ги намалуваат триглицеридите, се борат против артритисот и болките во зглобовите и го подобруваат расположението и функцијата на мозокот.

2) Омега-6

Омега-6 масните киселини ги има во растителните масла како она од соја. Често ги има во процесираната храна, но и во разните семки, меса и млечни производи.

Иако се сметаат за здрави маснотии, преголемиот внес може да предизвика воспалителни процеси во телото. Поради тоа внесот на омега-3 мора да е секогаш поголем од оној на омега-6.

3) Омега-7

Овие монозаситувачки масти помагаат за здравјето на срцето, редуцирање на воспаленијата и на штетниот LDL холестерол, зголемувајќи го нивото на корисниот HDL холестерол.

Бидејќи омега-7 не се есенцијални (телото самото може да ги создава), не постои препорачана количина која е потребно да се внесува дневно. Инаку, нив ги има во лососот, маслиновото масло, како и сл.

4) Омега-9

Како и омега-7, нашите тела можат да ги создаваат и омега-9 мастите, а истите можат да се добијат и од здравите масла како она од канола и маслинки, но и од сончогледовото.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.05.2018 09:33:06