Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

Извор:  МИА
Објавена на 22.05.2018 11:35:10