Ибрахимовиќ „поцрвене“ по шлаканица кон противникот

Шведскиот интернационалец во дресот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ беше исклучен во 41. минута синоќа на гостувањето во Канада кај Монтреал во натпревар од американската МЛС лига.



Капитенот на тимот од Лос Анџелес му удри шамар на противничкиот играч кој го чуваше, поради тоа што го стапна враќајќи се наназад. Судијата по прегледување на снимката со помош на ВАР технологијата која се користи во МЛС лигата одлучи да му покаже црвен картон на Швеѓанецот, а жолт на домашниот фудбалер Петрасо.

Иако Галакси беа со фудбалер помалку, на крајот победија со 1:0 со голот на Камара во 75. минута.

Извор:  МИА
Објавена на 22.05.2018 10:41:22