Сигурен сум дека еден ден Торес ќе се врати во Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја нагласи улогата на Торес во тимот по неговиот последен настап и постигнување на два погодока во ремите со Еибар (2:2).



- Ја завршуваме прекрасната сезона во која надминавме многу тешкотии. Во лигата завршивме на второто место. Ова е огромен успех во конкуренција на „чудовиштата“ Барселона и Реал. Голем удел во таквиот резултат има и Фернандо Торес. Тој во Атлетико остава големо наследство и верувам дека еден ден ќе се врати во клубот, рече Симеоне.

Атлетико Мадрид на крајот од шпанската Ла Лига се пласира на 2.место, а минатата недела го освои трофејот во Лига Европа.

Извор:  МИА
Објавена на 21.05.2018 13:26:14