Дива во секоја смисла: Џеј Ло со моќен перформанс на Bilboard наградите

Со целиот публицитет околу венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, речиси и заборавивме на доделувањето на Billboard музичките награди кои вечера вечер се одржаа во Лас Вегас.

, а Тејлор Свифт, Ед Ширан, Кендрик Ламар и Бруно Марс се оние кои заминаа дома со награда.



Латино дивата, Џеј Ло, го промовираше својот нов хит „Dinero“ кој e соработка со DJ Khaled и Cardi B. Моќниот перформанс со импресивна кореографија и облека уште еднаш покажа дека Лопез и на 48 знае како да ја запали сцената.

Џенет Џексон нè врати во минатото со нејзините добро познати хитови „Nasty“ (1986) и Throb ( 1994). Џексон енергично се врати на сцената по пауза од повеќе од една декада и разводот од нејзиниот сопруг, Висан Ал Мана.

Пејачката ја доби Билборд наградата за музичка икона, која досега ја имаат добиено и Селин Дион, Шер, Стиви Вондер и Принц.

Како изгледаше мал дел од сето она што се случуваше во Лас Вегас погледнете во прилог.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2018 13:10:25