Македонија по втор пат најлошо облечена на Евровизија

Изгледа дека песните не се единственото нешто кое што не ни поаѓа од рака кога станува збор за Евровизија.

Македонските претставници, Еye Cue, оваа година ја добија наградата Барбара Декс и со тоа се прогласени за најлошо облечени учесници на овој музички натпревар.

Со ова Македонија по втор пат ја доби наградата за најлош моден избор. Прв пат го добивме ова „признание“во 2005-та година кога настапуваше Мартин Вучиќ со песната „Make My Day“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2018 12:10:41