Студија покажа дека имаме „очи на тилот“

Изразот да се има „очи на тилот“ значи „да се има увид на случувањата околу нас“.

Сега една јапонска студија наречена „ Просторни претстави на околината на гледачот" покажала дека ова е многу повеќе од поговорка.

Според истражувачите, просторната претстава околу гледачот надвор од неговото видно поле е клучна за движење во тродимензионалниот свет. За да се добие таква претстава, постои процес на учење кој ги интегрира визуелните информации од различни гледни точки, покривајќи ги сите 360° визуелни агли.

За потребите на студијата, бил направен експеримент каде две групи набљудувачи стоеле во центар помеѓу 6 дисплеи. На секој дисплеј истовремено се појавувале букви, а од набљудувачите било побарано да ја пронајдат целта т.е одредена буква. Целната буква како и одвлекување на вниманието на разни начини биле дистрибуирани на 6-те дисплеи по случаен избор.

Снимено било времето на реакцијата, а откако биле експонирани на истиот просторен распоред, набљудувачите биле способни да ја лоцираат целната буква побрзо, дури и кога таа се наоѓала зад нив.

Ова покажува дека визуелното процесирање не е ограничено на визуелното т.е видно поле.

Резултатите од студијата индицираат дека нашите мозоци се способни за креирање претстави од нашето опкружување кои ги користиме да „гледаме назад“ без да ја вртиме главата. Преку сетилото за вид сме свесни само за она што се наоѓа пред нас, но мозокот конструира свет во 360°.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2018 11:55:27