Принцот Хари и неговата избраничка, Меган Маркл, денес стапија во брак во капелата „Сент Џорџ“. Церемонијата ја следеа повеќе од 2000 гости и 100 илјади обожаватели кои со нетрпение чекаа пред капелата за да го видат новиот пар.
Меган Маркл пристигна во „Сент Џорџ“ облечена во класична елегантна креација со потписот на британската дизајнерка Клер Вејт Келер и модната куќа Живанши.
Нејзиниот едноставен изглед беше надополнет со една од тијарите на кралицата Мери и вел со должина од пет метри.
Видно возбудениот принц не можеше да ги сокрие емоциите, па кога ја виде низ солзи само изусти – Изгледаш неверојатно! Многу сум среќен!
На венчавката присуствуваа многу познати личности меѓу кои Дејвид и Викторија Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Елтон Џон и Опра Винфри.