Футурама

Пронајдена најголемата црна дупка која јаде ѕвезди со огромна брзина

Астрономите забележале црна дупка за која сметаат дека е најголемата и најбрзо растечката било кога откриена, која вшмукува еквивалент на масата на Сонцето секои 2 дена.

Црните дупки се видливи само поради нивната неверојатна осветленост, а доколку оваа се наоѓала во Млечниот Пат, би светела посјајно отколку полната месечина кога би била гледана од Земјата, на која животот би бил уништен благодарејќи на икс-зраците кои дупката ги испушта.

Супермасивната црна дупка технички позната како QSO SMSS J215728.21-360215.1 има големина на 20 милијарда Сонца и расте за 1% секои милион години.

Со толку многу материјал кој го има вшмукано, овој објект се квалификува како квазар, еден од најретките и најсјајни вселенски објекти кои обично се наоѓаат во центарот на галаксиите.

До сега се откриени само неколку квазари и супермасивни црни дупки со оваа магнитуда, а за новата не е познато како пораснала толку и за толку кратко време во раните денови на постоењето на Универзумот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.05.2018 10:19:01