Футурама

Стартап од Харвард има процедура за подмладување

Стартап компанијата наречена Rejuvenate водена од познатиот харвардски генетичар Џорџ Чурч планира да користи техника за едитирање на гените за да ги модификува „ДНК инструкциите“ кои им се даваат на клетките, враќајќи некои биолошки маркери на нивоа кои ги имале во младоста, па дури и за подмладување.

Лабораторијата веќе ги тестирала некои од овие техники врз глувци на кои им била излечена дегенеративна состојба на срцето, а следниот чекор ќе ги таргетира состојбите поврзани со староста како откажувањето на срцето и бубрезите, зголемувањето на телесната тежина, како и дијабетесот.

Компанијата исто така комплетирала и слични прелиминарни тестови врз малечки кучиња, но сè не ги објавила резултатите дали процедурите биле успешни.

Rejuvenate планираат да ги елиминираат знаците на стареењето со нивните третмани кои го продолжуваат животот. Една нивна презентација вклучувала фотографија од Чурч кој планира да е доброволец за тестовите врз луѓе, кој технологијата ја опишал како „вметнување на искуствата од 130 годишен човек во 22-годишно тело.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2018 13:42:09