Порталот „24/7 Вол Стрит“ објави топ 10 листа на најтешките објекти во светот. Истражувањето е спроведено врз основа на податоци од Гинисовата книга на рекорди, американскиот Национален институт за стандарди и технологија и неколку други научни извори.
Тежината на речиси сите објекти е утврдена со помош на процени, а најтешкиот објект кој е директно измерен, е oкруглата ротирачка структура на една од лансираните рампи на Вселенскиот центар „Кенеди", која тежи 2.200 тони.
Листата 10 најтешки објекти на светот изгледа вака:
1. Големиот кинески ѕид - 52 милиона тони
2. Хидроелектраната „Брана на три кањони" во Кина - 9,4 милиони тони
3. Кеопсовата пирамида во Египет - 5,4 милиони тони
4. Нафтената платформа Гулфакс-Це во Северното Море - 1,4 милиони тони
5. Кранот ССЦВ Тиалф - 952.000 тони
6. Палатата на Парламентот во Букурешт, Романија - 726.000 тони
7. Носачот на авиони „Нимиц“ - 92.500 тони
8. Товарниот воз во Западна Австралија - 90.500 тони
9. Подводниот комуникациски кабел (под океанот) - 80.000 тони
10. Обелискот во Вашингтон - 73.600 тони.