Караница поради фустан: Амал Клуни го налути Том Форд

Појавувањето на Амал Клуни на црвениот тепих на МЕТ балот во креација на британскиот дизајнер Роберт Квин беше едно од најкреативните на вечерта. Сепак, изгледа и покрај сите позитивни коментари има некој кој воопшто не се среќен со нејзиниот избор за вечерта, а тоа е тимот на дизајнерот Том Форд.

Тие се лути бидејќи сопругата на Џорџ Клуни само неколку часа пред настанот решила да ја замени креацијата на Форд со онаа на Квин.

За волја на вистината, Амал го носеше и фустанот од Форд, но не на МЕТ галата туку на забавата по неа.



Со тоа само додаде масло на оганот бидејќи тимот имал во план да ја даде креацијата на друга ѕвезда од А листата. Амал два пати не го испочитува договорот и со тоа го навлече бесот на дизајнерот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.05.2018 11:41:35