Футурама

Јупитер и Венера влијаат на Земјината орбита и на големи климатски настани

Научниците ја потврдиле хипотезата дека Земјината орбита е деформирана од гравитациското влечење на Јупитер и Венера во циклус кој регуларно се повторува секои 405 000 години.

Сега, тие можат да ги поврзат промените во климата, околината, диносаурусите, цицачите и фосилите со овој циклус на многу прецизен начин.

Со декади истражувачите го студирале овој феномен – дел од она што се нарекува „циклусот на Миланкович“ – кој Земјината циркуларна орбита околу Сонцето ја поместува до орбита која е 5% елиптична, пред повторно да се врати во првичната траекторија.

Благодарение на едно парче карпа ископано од длабочините на националниот парк „Скаменета шума“ во Аризона, науката има објаснување за она што овој феномен го предизвикува.

Во 2013-та биле ископани карпи од длабочина од 457 метри, кои биле анализирани за радиоизотопи кои ја индицирале нивната старост и докази за превртувањето на поларитетот на Земјиното магнетно поле.

Кога тие биле споредени со примероци седимент од поранешно праисториско езеро кое се протегало низ сегашното Њу Џерси, било откриено дека 405 000 годишниот циклус е најрегуларниот астрономски модел поврзан со Земјината орбита околу Сонцето, кој датира од пред 2015 милиони години.

Потврдувањето на овој циклус потенцијално може да влијае на начинот на кој ги интерпретираме фосилите и ја следиме еволуцијата на формите живот, како и за поголемото разбирање на планетарните движења.

Уште една работа која е потврдена е и дека циклусот влијае и на одредени големи климатски настани, со сепак е далеку на листата на работи кои истите ги предизвикуваат иако сепак имаат некое мало влијание.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.05.2018 11:19:02