Омнибус

Природни убавини кои секој мора да ги види

Низ светот има полно пејзажи кои го одземаат здивот и места кои вреди да се посетат и истражат барем еднаш во животот.

Доколку некогаш ви се пружи шанса, задолжително посетете барем дел од нив:

1) Нијагарини Водопади, Канада

Без разлика дали ги набљудувате дење или ноќе, од брод или платформа, 3160-те тони водa кои секоја секунда паѓаат од водопадот се глетка која мора да се доживее.

2) Големиот Кањон, Аризона

Познатиот Голем Кањон е долг 445km. а на најшироката точка е широк скоро 30km.

3) Карпите Мохер, Ирска

Лоцирани на западниот брег на Ирска, Карпите на Мохер достигнуваат височина и до 22m.

4) Планината Бромо, Индонезија

Оваа планина е единствениот активен вулкан на островот Јава

5) Езерото Спенсер, Австралија

Се работи за езеро со розова боја кое не делува како да е природно, но всушност бојата ја добило од хемикалијата која ја создаваат алгите во него.

6) Националниот парк Zhangjiajie, Кина

Неверојатната кинеска шума дефинитивно не е за оние кои имаат страв од височина, а се вели дека ги има инспирирано пејзажите во филмот „Аватар“.

7) Водопадите Игуазу, Аргентина и Бразил



Овие водопади го сочинуваат најголемиот систем водопади во светот, а се протегаат и во Аргентина и Бразил.

8) Карпата Пулпит, Норвешка



Геолозите шпекулираат дека ова гигантско планинско плато било оформено при експанзијата на мразот пред околу 10 000 години, а карпата се наоѓа на околу 610m. над Lysefjord во Норвешка.

9) Шумата Ел Јунк, Порторико



Оваа шума има најголем биолошки диверзитет од сите шуми во САД.

10) Мермерните пештери, Чиле



Мермерните пештери во Чиле уште се наречени и „Мермерна Катедрала“, а се формирани со илјадници години ерозија.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.05.2018 11:04:33