Хари и Меган во различни хотели ноќта пред свадбата

Принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл ќе бидат сместени во различни хотели ноќта пред нивната свадба, соопшти прес службата на кралското семејство.

На принцот Хари во хотелот друштво ќе му прави неговиот постар брат принцот Вилијам, кој воедно му е кум на венчавката.

Додека Меган Маркл во друг хотел ќе биде сместена заедно со нејзината мајка Дорија Регланд. Свадбената церемонија е закажана за 19-ти мај и ќе се одржи во дворецот Виндзор.

Извор:  МИА
Објавена на 14.05.2018 17:16:34