Футурама

Како и кога ќе умре Сонцето?

Научниците направиле нови предвидувања како ќе изгледа крајот на нашиот Сончев Систем, како и на кој начин и кога тоа ќе се случи, а луѓето нема да бидат присутни на тој финален акт.

Интернационален тим астрономи заклучиле дека “соларниот леш“ најверојатно ќе биде планетарна небула (огромен меур од гас и вселенска прашина).

Сонцето е старо околу 4.6 милијарди години, а се предвидува дека неговиот животен век ќе заврши по околу 10 милијарди години.

Во меѓувреме, по 5 милијарди години, ќе се претвори во ѕвезда од типот црвен џин. Јадрото ќе му се намали, но надворешните слоеви ќе му се прошират до орбитата на Марс, притоа уништувајќи ја нашата планета (ако воопшто и постои до тогаш).

Човештвото, пак, скоро со сигурност нема да биде сведок на тоа бидејќи се смета дека на Земјата тоа ќе опстои уште најмногу 1 милијарда години – причината за тоа е што Сонцето го зголемува сјајот за околу 10% секои милијарда години, што како резултат ќе го уништи животот на Земјата. Океаните ќе испарат, а површината ќе биде премногу врела за да се формира вода или некоја форма на живот.

Следната фаза ќе биде намалувањето на Сонцето и тоа ќе премине од црвен џин во фазата наречена бело џуџе, по која ќе заврши како планетарна небула.

Планетарните небули се релативно вообичаени низ Универзумот, а во таквите познати спаѓаат Небулата Хеликс (Helix), Небулата мачкино око (Cat’s Eye), Небулата Прстен (Ring), и Небулата Меур (Bubble).

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.05.2018 15:46:27