Футурама

Дупка во Нов Зеланд открила 60 000 години стар вулкански кратер

Масивна дупка во земјата го поделила земјиштето на два дела на фарма за млеко во Нов Зеланд, притоа овозможувајќи им на геолозите шанса да „ѕирнат“ во срцето на еден антички вулкан.

Дупката се појавила на околу 15km. југоисточно од градот Роторуа и била откриена кога вработен на фармата за малку паднал во неа со мотор. Таа е долга скоро 200m., а на некои места е длабока и широка и до 20m.

Причината за нејзиното појавување најверојатно е огромната количина на дождови кои во тој регион паѓале неколкуте претходни недели.

Се смета дека дупката се формирала во текот на изминатиот век, од дождови кои со декади го еродирале седиментот.

На самото нејзино дно била забележана вулканска карпа од кратер стар 60 000 години, врз кој имало најмалку 10m. седимент од времето кога кратерот бил исполнет со вода и формирал езеро.

Научниците очекуваат дека дупката ќе продолжи да се проширува, особено доколку продолжат обемните дождови.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.05.2018 11:02:06