Нета ја освои Евровизија: Пресреќна сум! Многу ви благодарам!

Симпатичната Нета Барзилаи од Израел и нејзината песна „Toy“ го освоија првото место на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Нета успеа да ја осигура својата победа со 529 гласа, оставајќи ја зад себе претставничката на Кипар која важеше за фаворит.

- Пресреќна сум! Многу ви благодарам! Ви благодарам што ја подржувате различноста. Почестена сум што можам да покажам нешто различно пред толкава публика, изјави Нета.

Песната во која таа кокодака на сцена, се покажа како хит поради фактот што на уникатен начин зборува за женската моќ и за #MeToo иницијативата што е актуелна во светот.

Иако организаторите направија сè во своја моќ вечерта да помине беспрекорно, настапот на претставничката на Велика Британија, Сури, беше прекинат од човек кој влета на сцената и и го зема микрофонот извикувајќи „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода”. Обезбедувањето веднаш го собори, а Сури остана сосема смирена и го продолжи настапот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.05.2018 10:48:00