Питер Џексон размислува за серијал „Господар на прстените“

Новозеландскиот режисер Питер Џексон добил понуда од Амазон да сними серијал за „Господарот на прстените“.



Режисерот кој во шест продолженија ги донесе хероите на Толкин на големиот екран, сепак имал и друга понуда, од продуцентските куќи Ворнер Брос и ДЦ филм, за таинствен проект кој се уште се крие од јавноста.

Џексон моментно работи како продуцент на акциската авантура „Смртоносни машини“ и на се уште неименуван документарец за Втората светска војна.

Извор:  МИА
Објавена на 11.05.2018 09:54:31