Версаче се носи без долна облека

Фустаните од колекцијата на светски познатиот моден бренд Versace неретко имаат таков крој поради кој долната облека треба да се остави дома.

Од Ким Кардашијан до Блејк Лајвли, сите ѕвезди барем еднаш прошетале по црвениот тепих во Versace.

Последната на листата е Ирина Шајк, која за филмскиот фестивал во Кан избра модел што совршено ја истакна нејзината силуета.

Руската манекенка воопшто не се срами да се разголи, па немаше никаков проблем самоуверено да блесне во провокативната креација.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.05.2018 09:52:45